Велосипедистите во југозападна Германија добија невиден луксуз: мост со подно греење специјално направен за нив
Еден од првите велосипедски мостови во светот е отворен во градот Тубинген. Ова им овозможува на велосипедистите да возат побезбедно во зимски услови, рече градоначалникот Борис Палмер за време на неодамнешното отворање на мостот, кога и тој самиот го премина мостот со велосипед. Иако патиштата и мостовите со подно греење не се непознати и сѐ почесто се размислува за нивно воведување во области со сообраќаен метеж и сурови зими, мост со подно греење е реткост за велосипедистите.
Покрај тоа, експертите од Германскиот велосипедски клуб (ADFC) наведуваат дека не слушнале на друго место да бил направен велосипедски мост со подно греење. Градовите низ Европа и на други места брзо ја подобруваат својата велосипедска инфраструктура, особено со воведување заштитени велосипедски патеки, со оглед на зголемувањето на бројот на велосипедисти за време на пандемијата.
„Загреаните мостови за велосипедисти имаат смисла“, рече портпаролката на ADFC. „Солта не може 100 проценти да го отстрани мразот од патот, а истото важи и за мостовите“.