Секој од нас е одговорен. Одговорни сме пред шефовите, издавачите, клиентите, потрошувачите. Некои луѓе постапуваат одговорно и кон своите желби. Звучи како научна фантастика, но не е.
Мишел Бурлсон која е високообразована, со одлични препораки, добро работно место, доста добра плата, одлични бенефиции, доста брзо напредувала во фирмата. Родителите се гордееле со неа, но секое одење на работа, секое будење наутро, за неа започнувало со намрштено лице, и како што кажува, одвај стигнувала на работа. Тогаш сопственикот ја затворил фирмата и сите вработени завршиле на улица, меѓу кои била и Бурлсон.
„Тогаш почуствував големо олеснување, но и вина“, изјави таа.
„Благодарна сум што на мојата кариера и се случи ваков пресврт. Не сакав со добро, па морав со сила својата работа да ја земам во свои раце и да живеам живот во кој сама ќе одговарам на своите желби, а не на шефот или на клиентите“, кажува Мишел.
Таа веднаш по затворањето на компанијата каде што работела отворила продавница за домашни миленичиња, оформила бенд во кој свирела гитара и пишувала за локалните весници. По ваквото искуство кое целосно го сменил текот на нејзиниот живот, околу себе собрала голем број на луѓе и им го поставила следното прашање:
„Што би правеле доколку не би работеле за пари и доколку не ви е грижа за парите“?
Како би одговориле вие на ова прашање?
извор: denar.mk