Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе одлука за цените на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.
Минатата недела РКЕ изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати за еден денар.
Од 10.8.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 62,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,876 (денари/килограм)