22. јуни, Скопје, 14:00 часот! Дојдете сите и бидете дел од глобалната иницијатива Social Friday
На свое големо задоволство организаторите на Social Friday Ве покануваат да бидете дел од најголемиот Social Friday настан што на 22. Јуни 2018 (ПЕТОК) со почеток во 14:00 часот ќе се одржи во комплексот на СОС Детско Село во Скопје.
Во 14:00 часот ќе се собереме во СОС Детско Село во Ченто каде што дечињата ќе ги пуштиме да си играат, а ние ќе ги засукаме ракавите и ќе започнеме со готвење. Ќе има две станици: станица за салати каде што секој ќе може да ја покаже својата креативност во изготвувањето салата и станица за скара каде ќе ги подготвуваме бургерите.
Кога ќе завршиме со подготовка на јадењето ќе имаме сладок натпревар: Направи го перфектно декорираниот мафин!
Идејата на настанот е да потрошиме квалитетно време заедно и да си посакаме убав летен период, а секој учесник ќе добие маичка со официјалното лого на Social Friday којашто ќе му овозможи да биде наш амбасадор во својата локална заедница.
ПРИЈАВУВАЊЕ:
Единствениот услов кој ви е потребен за да се пријавите на овој настан е вашата насмевка!
Сите заинтересирани може да се пријават со пополнување на апликација тука.
ЗОШТО ТРЕБА ДА ДОЈДЕТЕ?
Идејата за Social Friday настана откако прочитавме за едно истражување спроведено од страна на British Airways во кое беше потврдено она што сите го знаеме и сме го искусиле: Вработените психолошки го започнуваат својот викенд во 14:39 во петок, а во попладневните работни часови се речиси непродуктивни.
Токму затоа го поставивме прашањето: Како да го искористиме непродуктивното време во петок на најдобриот можен начин?
Одговорот е Social Friday. Одржлив модел преку кој компаниите ќе може да ја промовираат својата општествена одговорност преку организирање на свој Social Friday четири пати годишно, по еден на секои три месеци.
Бенефитите се многубројни и ги засегаат сите страни:
- Не постои подобар тим билдинг за вработените од тоа своето непродуктивно време да го искористат реално помагајќи им на оние на кои помошта им е најпотребна
- Компаниите може јасно да покажат дека се грижат за општествената заедница притоа станувајќи дел од една глобална иницијатива со преку 3.000 поддржувачи ширум светот
- Општествените организации кои преку Social Friday добиваат партнер и вистинска поддршка
НАШИОТ TRAILER: