Долго се мислеше дека сме родени со одредено ниво на интелигенција и дека не можеме многу да направиме за да го промениме тоа. Научниците докажаа дека можеме да го зголемиме нашиот потенцијал и да уживаме во тој процес. Сега е познато дека вештините за учење придонесуваат за создавање на нови нервни синапси, кои го прават мозокот да работи побрзо и подобро.
Еве листа на хобија што не прават попаметни и објаснување зошто.
Свирење музички инструменти
Свирење музика придонесува за креативност, аналитички вештини, како и јазик, математика, мали моторички акции итн. Она што свирењето музички инструменти дава, а другите активности не е зајакнување на „корпус калозум“ или најголемата врска помеѓу десната и левата хемисфера на мозокот. Овој подобрен корпус калозум помага кај извршните вештини, меморија, решавање проблеми…
Читање каква било литература
Придобивките од читањето се големи без разлика дали уживате во „Игра на тронови“, „Хари Потер“ или во најновото издание на некој посериозен неделник. Читањето го намалува стресот, што ве прави да се чувствувате подобро, и зголемува три типа на интелигенција – кристализирана (способност за примена на стекнатото знаење и искуство), флуидна (знаење за теоријата – решавање проблеми, користење логика во нови ситуации) и емоционална.
Читањето помага да се решат проблемите, склопување на коцките на знаење како целина со цел подобро управување со секојдневниот живот, разбирање на процесот, но и толкување и одговарање на туѓите емоции.
Секојдневно вежбање
Трикот не е во повремено вежбање, туку во секојдневно и постојано вежбање. Овој тип на вежбање ги храни клетките со протеинот (BDNF) кој ја подобрува меморијата, учењето, фокусот, концентрацијата и разбирањето.
Некои научници одат дотаму што веруваат дека долгото седење може да има спротивен ефект – го забавува нашиот мозок и го отежнува неговото работење.
Учење нов јазик
Заборавете на загатките за да ја подобрите меморијата, но научете нов јазик. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои добро знаат два јазика се подобри во решавање загатки од оние кои знаат само еден. Учењето нов јазик помага со вештини како што се планирање и решавање проблеми.
Тестирајте го вашето знаење
Многу паметни студенти „бубаат“ пред испитот и на тој начин акумулираат многу знаење за кратко време, и сето тоа го забораваат уште побрзо. Меморијата на стекнатото знаење е најуспешна кога оваа информација се повторува или се поврзува со претходното искуство.
Причината зошто учењето јазик не прави попаметни е тоа што бара постојано и многу памтење. Иако за кратко време учиме многу, постојано ни е потребно тоа знаење – безброј пати ги повторуваме граматиката и зборовите преку вежбање.
Применувајте го ова знаење во секојдневниот живот – поминете низ белешките кои сте ги напишале за книги или за работа, водете дневник со забелешки. Овој „кумулативен“ начин на учење ќе придонесе за програмата за само-подобрување.
„Билдајте“ го мозокот
Судоку, загатки, видео игри, картички, квизови, крстозбори и слични активности овозможуваат подобра функција на мозокот. Сите овие „игри“ воспоставуваат и ги зајакнуваат синапсите, а мозокот има способност да се промени и реорганизира. Кога се менува начинот на размислување, се создаваат нови глетки и погледи и се разбираат последиците и ефектите од однесувањето и емоциите.
Значи, идејата е дека мозокот може постојано да се развива и ние самите можеме да придонесеме за тоа. Различни активности стимулираат различни делови од мозокот, така што секој од нас може да се зајакне во некои области и да ги надмине слабостите.