![Заврши состанокот на Комисијата за заразни болести - каков е предлогот до Владата?](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/21/790a9212-resize-820x0x100.jpg)
Комисијата за заразни болести нема да предложи нови рестриктивни мерки до Владата. Како што и утрово објави Министерот Филипче, актуелните мерки кои и сега важат остануваат на сила.
Влезот во угостителските објекти и моловите останува забранет за оние кои немаат примено барем една доза на вакцина како и за сите ко го прележале вирусот пред повеќе од 45 дена.
Од 1 септември почнува да важи и забраната за влез во Македонија за невакцинирани патници без разлика од каде доаѓаат. Македонските државјани кои ќе сакаат да влезат во Македонија по 1 септември а не се вакцинирани ќе треба да направат ПЦР тест или пак ќе бидат пратени во задолжителна изолација.
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Од септември нови ковид-мерки во Грција