Огромен напредок во имплементацијата на моделот на дуалното образование – од 11 до 211 нови фирми.
Деновиве вниманието ми го привлече еден билборд на кој три наши фирми, „Костал“, „ЛТХ Леарница“ и „ОДВ Електроник“ повикуваат на упис на четврта генерација на ученици за техничар за производно машинство и за техничар за индустриска мехатроника. Дуалното образование претставува инвестиција за иднината.
Зарем е можно кај нас, нештата да се имплементираат на вистински начин, без големо бранување на јавноста? Да, можно е, ако моделот е западно европски и ако тој кадар вистински е потребен на бизнисот, кој со себе ги носи карактеристиките – ненаметливост, упорност и истрајност.
Присуството на „Костал“ на билбордот, ми ги врати спомените во далечната 1976 година на охридскиот гигант „ЕМО“, сместен на истата локација каде денеска е „Костал“, прв кој го примени моделот што тогаш се нарекуваше средно стручно образование и беше со истиот партнер – Електро-машинскиот училишен центар.
Погледнете ги сите слободни позиции на КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА:
Тим Лидер на Техничари во оддел Одржување (Team Lead Technician – Maintenance), Линк за аплицирање
Менаџер на магацин, Линк за аплицирање
Инженер за напредно планирање на квалитет, Линк за аплицирање
Но уште поинтересно е, дека тој истиот „ЕМО“ настана 10-тина години порано, на локацијата на градската депонија. Значи, луѓето од депонија можат да направат фабрика со 150 милиони долари извоз и 4 илјади вработени која работела по највисоките светски стандарди, и исто луѓето можат да ја урнисаат како што тоа го направија во 90-тите години со „ЕМО“, и после 25 години, повторно да ја издигнат со најсовремени производни програми и со имплементација на моделот на дуално образование.
Меѓутоа, 2013 година е исто така важна за промена на менталитетот, бидејќи тогаш за првпат Стопанската комора на Северна Македонија започна со активности за воведување на дуалното образование.
Промената значи мотив, но и пример за другите како реалноста може да изгледа и поинаку. Само ако ги истакнеме позитивните примери, ќе го смениме нашиот менталитет.
Извор: mkd.mk