Од Асоцијацијата на транспортери Макам Транс информираат дека е прифатено барањето за изземање на професионалните возачи и за протоколот при влез во државата и за транзитот на странските превозници
„Само што добивме информација од министерот за транспорт и врски, Бочварски која гласи: „Прифатено е барањето за изземање на професионалните возачи и за протоколот при влез во државата и за транзитот на странските превозници.“ Со званично објавување на измените на постојната Одлука на Влада истата ќе Ви ја објавиме со цел да ја имате како доказ во случај ако дојде до некое недоразбирање на граничните премини“, пишуваат од Макам Транс на Фејсбук.
Невакцинираните транспортери ќе немаат обврска да прават ПЦР тест. Владата на денешната седница ги ослободи од оваа мерка. Тие претходно алармираа дека целиот ланец на достава на стока може да доцни.