![Од 21 септември директна авиолинија Скопје – Санкт Петербург](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/83/e0962f38-resize-820x0x100.jpg)
Руската авиокомпанија Нордвинд Ерлајнс од 21 септември стартува нова авиолинија Санкт Петрбург – Скопје. Компанијата соопшти дека летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник.
Од 29 септември, Нордвинд Ерлајнс планира да ја зголеми и фреквенцијата на летови од Москва до Скопје. Директни летови Москва – Скопје ќе има трипати неделно – секој понеделник, среда и петок.