Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста денеска почнувајќи од 11:00 часот во централното градско подрачје ќе има изменет сообраќааен режим.
– Затворени за сообраќај ќе бидат: ул.„11 Октомври” и ул. „Димитрие Чупоски” во правец на движење од ул.„Васил Главинов” до ул.„Филип Втори Македонски”, додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15:00 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека од 23 часот на 07.09.2021 до 11:00 часот на 08.09.2021 година дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул.„Даме Груев” на потегот од крстосницата со ул.„Македонија” до крстосницата со ул.„11-ти Октомври” и ул.„Филип Втори” на потег од „Кеј13 Ноември” до ул.„11 Октомври” и ул.„11 Октомври” на потегот од бул. „Кочо Рацин” до ул. „Даме Груев”.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Се апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Извор: lokalno.mk