Една од првите работи што треба да ја направите кога организирате патување преку туристичка агенција е да проверите дали агенцијата има лиценца. Министерството за економија на својата веб страна води регистар на сите лиценцирани агенции во земјава.
Од Министерството за велат дека листата редовно се апдејтува . Листата можете да ја најдете на линкот
Агенциите кои поседуваат лиценца А можат да бидат комплетни организатори на патувањата, а тие кои поседуваат лиценца Б само се посредници во продажбата на туристички патувања.
Од искуството на минатите години, во просек годишно по десетина агенции се случува да бидат привремено затворени заради конкретни пропусти во работењето.