Повеќе од 20 компании од Македонија го потврдија учеството на виртуелниот саем за вработување!
12-та година по ред, водечките портали за вработување во регионот, Vrabotuvanje.com.mk – Македонија, MojPosao - Хрватска, Poslovi Infostud - Србија, MojPosao.ba - Босна и Херцеговина и Deloglasnik - Словенија го организираат најголемиот и единствен онлајн саем за вработување каде најпрестижните компании од регионот на уникатен начин ќе ги претстават своите можности за вработување.
Регионалниот онлајн саем за вработување е одлична можност да:
- Да објавите огласи за работа пред голем број потенцијалнни кандидати;
- Да ја брендирате вашата компанија како посакуван работодавач;
- Да воспоставите контакт со кандидатите и да ја изградите својата база;
- Да најдете совршен кандидат за вашиот тим;
- Да ја претставите компанијата во 5 земји во регионот.
Минатогодишното издание на саемот забележа вкупно 549.018 посети, 571 огласи поставени од 80 компании и 54.329 апликации.
Виртуелниот штанд се креира со неколку едноставни чекори, без потреба да трошите ресурси за патување, ангажман на вработените, печатење промотивни материјали. За разлика од традиционалните саеми, онлајн саемот е достапен 8 дена, 24 часа на ден преку сите (десктоп / мобилни) уреди, а кандидатот може да го посети кога му одговара.
Досега, учеството на саемот го потврдија над 20 најголеми компании од Македонија во областа на производството, трговијата, ИТ индустријата.
Пријавите за најголемиот регионален онлајн саем за работа што се одржува од 13 до 20 октомври се во тек.
ЗА КОМПАНИИ
Сакате да резервирате штанд за вашата компанија?
РЕЗЕРВИРАЈТЕ ШТАНД
Што кажаа дел од учесниците од минатата година:
„Врвен професионално организиран настан. Одлична можност да ја претставиме нашата компанија пред голем број професионалци.” – е искуството на Фикрет Зендели, основачот на BREON. Компанијата BREON и годинава ќе биде дел од саемот.
Marquardt Македонија трета година по ред е изложувач на саемот - Виртуелниот саем за нас беше едно ново и позитивно искуство кое ни помогна да се претставиме на еден поинаков, интересен и модерен начин. Фидбекот беше многу позитивен и добивме голем број на кандидати подготвени да станат дел од Маркарт семејството. Посетете го штандот на Marquardt и оваа година од 13-ми до 20-ти октомври.
ЗА КОРИСНИЦИ
За учество на саемот не е потребна претходна регистрација и посетата за корисници е целосно бесплатна. Сè што треба да направите е од 13-ти до 20-ти октомври да ја посетите веб страната www.regionalensaemzavrabotuvanje.com, да изберете просторија каде што изложува вашиот работодавач и да се втурнете во потрага по вашата работа од соништата. Да, толку е лесно и едноставно!
Подгответе ги вашите CV-a и зграпчете ја можноста за нова, подобра работа!