Според анкетата која ја направивме а на прашањето во какви односи сте со колегите најголемиот број од испитаниците одговорија дека колегите ги држат блиску до себе ама доволно за да се задржи професионалната дистанца.
Така најголемиот дел од вас со колегите се во пријателско-професионални односи и тоа дури 44% го сметаат за најдобро и по приватниот и по професионалниот живот.
Во комплетно пријателски со одговор:-“Имам и блиски пријатели меѓу колегите со кои се дружам и комуницирам и надвор од работа“- се 38 проценти од вас. А а дел од вас се впуштиле и во роднински однос со колегите –кумства на пример а и по некоја брачна заедница.
10 % се во Непријателски однос со колегите и тоа од неколку причини. Едните колегите ги сметаат за неписмени, други сметаат дека се трачари а има и такви кои сметаат дека колегите ги“местат“ или ги саботираат.
9% се држат до она Дружба си е дружба –Служба си е служба па така со колегите се во строго професионални односи!
Новата Анкета е на нашиот сајт Ве прашуваме:"Што е тоа што би Ве задржало во земјава, ако имате можност за кариера во странство"
"Што е тоа што би Ве задржало во земјава, ако имате можност за кариера во странство"?