Генералната директорка на Кроациа осигурување живот, Маја Станковска Костова го доби престижното признание Business Elite’s „40 under 40“. Со оваа награда, Станковска Костова е избрана како една од 40-те најуспешни и највлијателни лидери во Југоисточна Европа до 40 години.
„Навистина е големо задоволство да се биде дел од една ваква импозантна група на млади а успешни луѓе, професионалци кои се докажале и постигнале завидни резултати во своето поле. Оваа награда освен што претставува признание за личните и професионални постигнувања, уште е и поттик да се продолжи понатаму во истата насока, да се постигнат резултати кои значат и да се даде придонес кон заедницата. Само еден ваков придонес е вистинска потврда за работата и посветеноста, што верувам дека тимот од Кроациа осигурување живот го прави секојдневно”, истакна Маја Станковска Костова, генерална директорка на Кроациа осигурување живот.
“Business Elite Awards” како бренд на “Global Top Brands Awards” од Торонто, Канада е програма посветена на извонредни млади менаџери и претприемачи. Основана е во 1985 година под идејата да ги идентификува и издвои успешните поединци ширум светот кои се истакнуваат по својата посветеност и професионален успех. Програмата е создадена како начин за наградување и вмрежување на успешните претприемачи и бизнис лидери, со мисија за проширување и зголемување на деловните можности и меѓународни соработки помеѓу бизнисите.
Честитки!
СЛЕДИ ЈА КОМПАНИЈАТА