Граѓани кои фрлаат ѓубре кајшто ќе им текне ќе платат казна од 150 евра, додека глоба од 50 евра е предвидена за поединците кои не вршат селекција на отпадот или не го одлагаат отпадот во посебните контејнери, пишува Слободен печат.
200 евра ќе платат тие што ќе запалат отпадни гуми, масла и друг вид отпад во природата или на патиштата.
Донесувањето на овој пакет од 6 закони е во насока на реформа на законодавството од областа на управувањето со отпадот, што го опфаќа општиот систем на национално ниво регулиран во општиот Закон за управување со отпадот и посебни закони кои се однесуваат на посебните текови на отпадот, ориентирани кон принципите на циркуларна економијаи превенција на отпадот, односно реупотреба, преработка и рециклажа.