Иако платата е еден од главните мотиватори за работа, постојат и други начини кои можат да постигнат ентузијазам кај вработените.
Барајте идеи
Мотивирајте ги да ја унапредат својата работна околина. Бидете отворени за нови идеи.
Барајте помош
Барањето на помош е еден од најискрените начини со кој им придавате важност на способностите и вредностите на другите луѓе. Побарајте помош на тој начин што ќе им дадете до знаење дека го почитувате нивниот начин на работа. Така ќе ја зголемите меѓусебната доверба.
Креирајте неформални лидерски позиции
Поставете некој од вашите вработени за водач на тимот. Така ќе му покажете дека имате доверба во неговата проценка за работење.
Здружете се за решавање на проблемот
Вработените и нивните шефови не се во иста позиција, но ако се обидете да решите некој проблем заедно, тогаш тие ќе чувствуваат урамнотеженост. Тимската работа ќе донесе подобра работна атмосфера.