Од 13 до 20 октомври посетете го Најголемиот регионален онлајн саем за вработување и дознајте повеќе за можностите за кариера во MARQUARDT
Од самото основање во 1925 година, групацијата Маркарт стана еден од водечките светски експерти за мехатроника. Денес, Маркарт како независна семејна компанија вработува повеќе од 11.000 вработени на 20 глобални локации. Наш главен производ се електронски компоненти за автомобилската индустрија. Реткиот склоп на трите сегменти: Производство на пластични делови, Електроника и Финално склопување, овозможува користење на најсофистицирана опрема и технологија на производство. Продолжуваме да ја развиваме и унапредуваме иднината на мехатроника, електро-мобилност и дигитално вмрежување. Нашата мисија е креирање на иднината преку иновативност и квалитет и одржување на врвна ефикасност во сите аспекти од нашиот бизнис. Токму затоа сме во потрага по високо квалификувани и посветени вработени.
ПОВЕЌЕ ЗА КОМПАНИЈАТА, ОТВОРЕНИТЕ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ, РАБОТНИТЕ УСЛОВИ, ТИМОТ И СЕ ШТО ВЕ ИНТЕРЕСИРА ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ДОЗНАЕТЕ НА ШТАНДОТ НА MARQUARDT НА НАЈГОЛЕМИОТ РЕГИОНАЛЕН САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ КОЈ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ВИРТУЕЛНО ИЗДАНИЕ ОД 13-20 ОКТОМВРИ 2021.
Ве очекуваме!