Нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Во нашата компанија не постојат граници за тоа кој колку може да напредува
Ds Smith e британска мултинационална компанија за производство на амбалажа со седиште во Лондон.
Компанија која може да се пофали со долга историја, основана во 1940 година, со своите повеќе од 80 години постоење е лидер во обезбедување иновативни решенија за пакување, производи од хартија и услуги за рециклирање со посветеност на одржливост и циркуларна економија.
Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во три дивизии: амбалажа, рециклирање и хартија.
Ds Smith успешно оперира преку своите претставништва во 35 земји во Европа, Северна Америка, Азија и Африка.
мапа на претставништва на Ds Smith во светот
Со тим од над 28.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.
Нашата намера во DS Smith е редефинирање на амбалажите и пакувањата во еден свет кој што постојано се менува. Поради тоа нашата визија е да станеме водечки снабдувач на одржливи решенија за пакување и амбалажи.
Нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Во нашата компанија не постојат граници за тоа кој колку може да напредува. Се ценат и препознаваат одличните перформанси, ангажираноста и секој дополнителен придонес од вработените. Тоа резултира со давање можност за професионално напредување на хоризонтално и вертикално ниво. Секој кој има желба да учи и да напредува му се обезбедуваат услови за тоа. Во компанијата располагаме со искусни колеги кој несебично го пренесуваат своето знаење и искуство на новите колеги - велат од Ds Smith
Во Македонија компанијата е формирана во 1947 година под името Комуна, а од 2015 е дел од големото семејство на DS Smith и во моментов брои околу 150 вработени ентузијасти и таленти.
Во Ds Smith вработените се тие кои што можат да направат разлика и конкурентска предност. Постојаната грижа за развој на вработените, соодветни обуки, мотивациски програми, можност за интернационално know – how, тимско дружење, грижа за безбедност и здравје при работа се само дел од вложувањето на компанијата за унапредување на процесите и развој на вработените.
Повеќе ја историјата, развојот и визијата на Ds Smith може да погледнете во видеото:
Доколку сакате да станете дел од глобалното семејство на Ds Smith, следете ја компанијата и аплицирајте за некоја од отворените работни позиции:
Вилушкарист
линк за повеќе детали и аплицирање
Сметководител
линк за повеќе детали и аплицирање