Предлог законот за административни службеници не престанува да ја изненадува јавноста. Освен членот кој предвидува администрацијата наместо 40 да има 36 часовна работна недела, друг член од истиот закон, предвидува нераспоредените државни советници да одат во пензија со навршени 55 години и 15 години стаж:
(3) Државните советници вработени до денот на започнување со примена на овој закон, за кои нема да има работни места на кои би биле распоредени може:
- да бидат предвремено пензионирани доколку на денот на влегување во сила на овој закон имаат навршени 55 години старост и имаат 15 години работен стаж или
- спогодбено да им престане работниот однос со отпремнина во износ од ___________.
(4) Државните советници кои нема прифатат ниту една од можностите од став (2) на овој член ќе бидат распоредени на работно место во институцијата за кое исполнуваат услови.
Даночниот експерт Павле Гацов смета дека во ваквите решенија се врши дисторзија на пензискиот систем.
„Наместо најавениот трансфер на јавната администрација од јавниот во приватниот сектор , сега се најавува нова форма за ослободување на баластот на јавната администрација. Со ваквите решенија, вклучувајки го и предлогот за 36 часовна работна недела за јавниот секотр се врши дисторзија во системот на работни односи и пензискиот систем. За ова се потребни сериозни анализи, со вклучување на сите засегнати страни и соодветно пеглање во приватниот сектор, аналогно на новиите решенија за јавниот сектор.Сметам дека во оваа фаза на ранета економија и процес на кревко заздравување, предложените решенија не се издржани”, објаснува Гацов.
Измените на законот се ставени на интернет страницата на системот енер.гов.мк на кој се објавуваат предлог закони и е во фаза на добивање коментари од заинтересираните страни.
Извор: lokalno.mk