Кога вашата работа е да ги носите луѓето низ градот, неизбежно е дека ќе слушнете неколку чудни и интересни приказни додека работите. Особено кога вашите патници штотуку го напуштиле барот каде што испиле некоја пијачка повеќе.
Неколку таксисти решија да ги споделат „тајните“ кои ненамерно ги дознале додека работеле.
- Еднаш возев двајца доктори, и еден од нив разговараше со својот колега за како бил „љубезно киднапиран“ од болницата од двајца момци кои го одвеле во вила надвор од градот. Таму, тие го замолиле да ја испита состојбата на срцето на еден човек кој бил локален шеф на мафија, кој бил баран од полицијата. Тие некако му ги обезбедиле сите алатки, и го натерале да го оперира газдата. Потоа, конечно го пуштиле, му платиле голема сума на пари и рекле дека повторно ќе го контактираат ако треба. Тој рече дека тоа било едно од најстрашните, но сепак најинтересните искуства во неговиот живот.
- Работев како такси возач и еднаш пијана патничка ми рече дека требала да се омажи за нејзиниот девер. Се омажила за нејзиниот сопруг затоа што тој бил побогат. Се надевам дека не се сеќава дека ми го кажа тоа!
- Возев еден дечко кој ми рече дека ја изневерува сопругата со неговиот дилер на кокаин, и дека тоа траело 25 години. Не знам што повеќе ме импресионира, 25-годишна афера или 25-годишна зависност од кокаин!
- Работев за такси компанија во Лос Анџелес, и еднаш околу полноќ зедов клиент што слета од Мексико. Имаше две попатни застанувања, на првото, чекаше некои „сограѓани“ кои натоварија пет торби во мојот џип. Потоа дознав дека дека втората дестинација е во Сан Хозе, што е на шест часа возење! По цена од 2.500 долари за возењето и бакшиш од 400 долари, никогаш не се осмелив да прашам што има во тие торби!
- Слушнав двајца момци кои отворено зборуваат за нивната измамничка операција и навлегуваат во деталите како да го извлечат максимум од тоа. Не можам да се сетам што беше измамата, само знам дека имаше врска со кредитни картички и дека добиле 20 милиони долари!
- Вујко ми беше таксист во Лос Анџелес, и еден ден, зел двајца момци кои разговарале за убиство што требало да го извршат. По некое време, тие почнале да разговараат дали треба да го убијат и возачот бидејќи ги слушнал како зборуваат за планот и може да ги идентификува, тие на крајот одлучиле да не го сторат тоа.