![Германија се соочува со казна, ФИФА не дозволува вакво славење на гол](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/7f/ffad83f7-resize-820x0x100.jpg)
Светската фудбалска федерација (ФИФА) може да ја казни германската репрезентација поради начинот на прослава на победничкиот гол на дуелот со Шведска во саботата (2:1).
ФИФА отвори дисциплинска постапка против двајца членови на германската репрезентација, директорот на Сојузот Георг Бехлау и портпаролот на тимот Улрих Фојгт. Двајцата бурно ги искажаа своите емоции кога Тони Кроос го постигна победничкиот гол во дополнителното време.
Бахлау и Фојгт трчаа кон клупата на Швеѓаните, по што се судрија со член на противничкиот тим. Претставниците на германската репрезентација, како и Германскиот сојуз, се извинија за малиот инцидент.
vesnik.com