Можеби сега е право време да побарате покачување како награда за целиот вложен труд, време, знаење, вештина и посветеност кон работата. Доколку мислите дека сте заслужиле покачување, истото треба и да и го соопштите на одговорната личност која одлучува за тоа.
Започнете со НЕ.
Никогаш не започнувајте говорејќи го тоа што го сакате. Натерајте го претпоставениот да казе НЕ. Кажете му дека сте спремни за негативен одговор, така што нема да му претставува потешкотија да ве прифати како личност на која ништо не и недостасува. Ова е одличен и релаксиран почеток за двете страни.
Распрашајте се за тековните проблеми во фирмата.
Можеби неодамна имало одлука за отказ. Можеби веќе посто тековен трошок за одреден проект.
Истражете.
Пред да заминете на состанок, распрашајте се колку се платени другите вработени кои работат работа слична на вашата. Распрашајте се и на кој начин функционира одлуката за покачувањето во другите фирми.
Контролирајте ги своите емоции.
На состанокот исклучете ги емоциите, очекувањата и стравовите.
Пуштете тој/таа да говори.
Вие говорете што помалку. Со поставување на прашања ќе дознаете повеке за својата позиција, фактите и тековните проблеми. Забележете си по нешто.
Поставувајте прашања кои започнуваат со кој, што, како или зошто, бидејки со нив ќе го натерате претпоставениот повеќе да говори. Не поставувајте прашања со мал фонд на зборови.