Од 13 до 20 октомври посетете го Најголемиот регионален онлајн саем за вработување и дознајте повеќе за можностите за кариера во тимот на адвокат Ветон Ќоку, во соработка со Карановиќ и Партнерс
Ветон Ќоку, адвокат во соработка со Karanovic & Partners има долгогодишно присуство на пазарот во Северна Македонија и пружа правна помош на домашни и меѓународни клиенти. Освен што обезбедува врвни деловни и комерцијални правни услуги во Северна Македонија, преку соработката со Karanovic & Partners, која е регионална правна пракса со традиција која трае повеќе од 25 години, има значителен регионален дофат преку мрежата на адвокатски фирми во регионот .
Соработува со некои од најценетите и најважните фирми во светот на бизнисот, како водечки светски и домашни компании, владини и други државни институции, јавни претпријатија, стартапи, невладини организации како и многу други.
Нашиот тим го сочинуваат врвни експерти и квалитетни луѓе. Бидејќи работиме постојано на големи проекти со водечки клиенти во потрага сме по професионалци кои сакаат да се усовршуваат, учат и напредуваат. Нудиме многу - поддршка, шанси и знаење. Нашите колеги поминуваат низ детално разработени програми за стручно усовршување, а покрај формални обуки имаат шанса секојдневно да учат работејќи со врвни експерти во своите области. Се грижиме за нашите луѓе и се трудиме да им овозможиме најдобро професионално опкружување и колегијалност. Даваме можности за интерни обуки, психолошка поддршка, флексибилност во работата каде што има можност и систем на бенефити за добросостојбата на нашите луѓе. Негуваме отворена и искрена комуникација, амбиција, креативност и даваме шанса заедно да поместуваме граници.
ПОВЕЌЕ ЗА КОМПАНИЈАТА, ОТВОРЕНИТЕ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ, РАБОТНИТЕ УСЛОВИ, ТИМОТ И СЕ ШТО ВЕ ИНТЕРЕСИРА ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ДОЗНАЕТЕ НА ШТАНДОТ НА ВЕТОН ЌОКУ, AДВОКАТ ВО СОРАБОТКА СО КАРАНОВИЌ И ПАРТНЕРС НА НАЈГОЛЕМИОТ РЕГИОНАЛЕН САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ КОЈ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ВИРТУЕЛНО ИЗДАНИЕ ОД 13-20 ОКТОМВРИ 2021.
Ве очекуваме!