Над 10 илјади лица со високо образование се невработени, економисти и правници го преплавија пазарот на трудот. Експертите со препорака – дел од факултетите да се стават во мирување.
Работодавачите немаат потреба од правници, економисти и од другите општествени науки како од филозовски факултет, историчари на уметност, книжевност. Недостасува стручен кадар, од техничките дејности пред се , средно стручен кадар. Образованието е во расчекор со побарувачката на пазарот, особено поради немање или минимална практична настава. Затоа при креирање на паралелките во средните училишта или смеровите на факултетите, треба да се следи потребата на пазарот на трудот односно на стопанството.
Уште еден проблем се и платите кои се нудат. Никој веќе не излегува да работи за плата под 20 илјади денари како порано.
Огласи има, а имаше и минатата година но повторно станува збор за расчекор помеѓу понудата и побарувачката, но сериозно влијаат и ниските плати кои во принцип се во висина на минималната плата која изнесува 15 илјади денари. Никој од невработените не прифаќа плата под 20 или 22 илјади денари за основна работа или дневница помала од 1.200 до 1.500 денари. Веќе со години не важи поговорката – “Џабе работи , џабе не седи”
Во однос на медицинскиот кадар кој се покажа како дефицитарен, особено сега во услови на пандемија, за овие лица платите се исто така мали во земјава, работата без дефиниран работен однос , неплатени и со долги специјализации и слично. Па така, секој кој може, заминува во странство и работи за многу повисока плата од она што ќе му биде дадено тука. Најголем дел од огласите се продавачи, магационери, сметководители, шанкери, но се бараат и лица со занает- електричари, бравари.
Во меѓувреме ССМ со сите засегнати страни работи на измени на законот за работни односи, каде синдикатите бараат договорите на определено, да бидат пократки од една година , но работодавачите сметаат дека треба да бидат три години. Исто така синдикатите бараат и породилното одсуство да трае 12 месеци.
Преку дуалното образование треба да го намали јазот меѓу понудата и побарувачката на кадар. Овој тип на образование значи дека дел од наставата учениците треба да ја поминат во училница, а дел од времето на пракса во компаниите.
Извор: denar.mk