Од 13 до 20 октомври посетете го најголемиот регионален онлајн саем за вработување и запознајте се со можностите за кариера во Македонски Телеком!
Македонски Телеком е водечки национален телекомуникациски оператор, дел од Групацијата Дојче Телеком од 2001 година. Компанијата обезбедува услуги за приватни и деловни корисници: говорни и податочни услуги преку мобилна и фиксна мрежа, интернет услуги, портфолио на конвергентни услуги, дигитална телевизија и напредни Cloud и ИКТ решенија.
Нашите вработени ја создаваат нашата успешна приказна. Имаме тим од вредни, самоиницијaтивни, иновативни ентузијасти кои постојано учат и изнаоѓаат најдобри решенија. Негуваме култура на постојан раст и развој на вработените, каде што успесите се препознаваат. Нудиме и развиваме програми преку кои нашите вработени се развиваат во интернационално опкружување и добиваат искуство препознаено насекаде. Вложуваме во нашите вработени, затоа што тие го создаваат нашиот успех.
Како да станете дел од Македонски Телеком?
Доколку сакате да дознаете повеќе за условите за работа, активните огласи за вработување и можностите за кариера во компанијата, кликнете на овој линк и посетете го штандот на Македонски Телеком на најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој ќе биде отворен од 13 до 20 октомври.