Компанијата LG Energy разви нов тип на цврста батерија која има огромен потенцијал за користење во електрични возила во иднина.
Новиот тип на цврста батерија која ја разви LG Energy користи чиста силициска анода и може да овозможи поефикасен извор на енергија за електричните возила. Таа нова генерација батерии треба да овозможи поголема густина и поголем капацитет на енергија која се во прашање електричните автомобили и другите електрични возила.
За споредба, графитните аноди имаат помала енергетска густина од силициумот, но новата батерија не е без маани. Силициските аноди би можеле да се трошат побрзо во текот на континуирано полнење и празнење на возилата. Исто така, тие редовно се шират при употреба, особено ако се користат во литиумски ќелии со течни електролити.
Потребни се и одредени услови за користење на цврстите батерии како што е, на пример, температура од60 степени Целзиусови во текот на полнењето.Исто така, тие батерии не се идеални за користење на ниски температури затоа што им треба грејач за да функционираат ефикасно.
За да ги решат сите тие проблеми научниците наместо вообичаените електролити направиле цврст електролит на база на сулфид. Нивното истражување е објавено во списанието Science.