BtoBet е глобално распространета мултинационална компанија со над 120 вработени, со седиште во Скопје. Компанијата е еден од трите најдобри светски провајдери на софтверски решенија за спортско обложување. За нивниот успех, тимот и за тоа како се справуваат со предизвиците кои ги носи работењето во повеќе земји поразговаравме со Зоран Спасов, Генерален директор на BtoBet
1. Компанијата „BtoBet“ денес е еден од светските лидери и провајдери на технологии за казино и спортско обложување. Кажете ни нешто повеќе за почетоците и развојот на компанијата?
Од своето основање во 2016 година до денес, BtoBet бележи експоненцијален раст. За навистина краток временски период, компанијата се најде во првите редови на iGaming индустријата, како провајдер на софтверски решенија за спортско обложување.
Овој раст се базира на сет од неколку основни столбови. Понуда на најсовремена технологија која е високоприлагодлива за различни пазарни сценарија, напредно машинско учење кое го става крајниот играч во основа на операциите и прилагодливо корисничко искуство. Сето ова му овозможи на BtoBet да застане рамо до рамо со водечките светски компании во индустријата. Ваквиот пристап ни овозможи да имаме цврсти темели на пазарите во развој, но и постепено да се етаблираме на веќе развиените пазари.
Успехот кој го постигнавме го привлече интересот на водечкиот давател на решенија во iGaming индустријата, реномираната групација Aspire Global. Денес, BtoBet е дел од оваа групација и навистина сум горд што можам да кажам дека обезбедуваме наша сопствена технологија за моќните спортски обложувалници како William Hill и Betfair.
Според ваквите индикатори, на BtoBet му претстои светла иднина!
2. Освен во Македонија, имате претставништва во Италија и Гибралтар. Кажете ни нешто повеќе за вашиот тим? Колку вработени има BtoBet на овие локации и колкав предизвик е успешно да се функционира?
Седиштето на BtoBet се наоѓа во главниот град на Северна Македонија, Скопје. Покрај тоа, компанијата има свои канцеларии и во Охрид и Битола. Заедно со претставништвата во Италија и Гибралтар, денес BtoBet брои над 120 вработени и се стремиме кон зголемување на овој број.
Кај секоја компанија која работи во повеќе канцеларии, особено во различни земји, се појавуваат одредени оперативни предизвици. Веднаш по преземањето на улогата на генерален директор во BtoBet, навистина бев импресиониран од начинот на кој функционира компанијата. Комуникацијата меѓу секторите, дури и во различни канцеларии е беспрекорна, што е клучно за успешно функционирање на глобално ниво. Истовремено, прилагодувањето на повеќе различни деловни средини може да делува застрашувачки, но јас во тоа гледам можност. Широкиот човечки капитал на компанијата и различните начини на размислување секогаш доведуваат до најдобрите решенија, особено кога станува збор за глобален бизнис.
3. Што е пресудно за да некој стане дел од вашиот тим? Дипломата или вештините?
Покрај вештините кои се клучни, би рекол дека и дипломата е подеднакво важна, бидејќи постојат улоги кои се потпираат на знаењето стекнато преку образованието на вработениот. Нема сомнеж дека високото образование е сè уште важен фактор и елемент што регрутерите го бараат кај потенцијалните нови вработени. Сепак, морам да нагласам дека оние кои бараат работа треба да знаат дека за напредување во кариерата е потребно многу повеќе од само диплома. Она што јас го предлагам на секој потенцијален кандидат е да направи анализа и истражување за тоа како се развива индустријата од која сака да биде дел.
Како што напоменав, формалното образование е само еден начин да научите и да ги подобрите своите вештини, но и алтернативните начини за стекнување знаења како што се сертифицираните програми, вебинари, конференции и други форми на образование се од големо значење за усовршување на вештините, овозможувајќи одлична подготовка и подобар пристап кон работата.
4. Што е она што можете да го издвоите како карактеристика на вашата компаниска култура и што ве прави посакуван работодавач?
Цврсто верувам дека една компанија е успешна онолку колку луѓето кои се дел од неа веруваат во нејзината мисија. Успешни сме онолку колку што се успешни нашите вработени. Имајќи го ова на ум, можам да кажам дека вработените се најголема вредност на BtoBet. Негуваме компаниска култура која обезбедува можност за континуиран професионален развој и напредување во кариерата, истовремено почитувајќи ги личните потреби и приватниот живот на секој вработен.
BtoBet е голема компанија сама по себе, но и како дел од групацијата Aspire Global на вработените им обезбедува можност да работат во мултикултурна средина во која соработуваат со голем број експерти од различни области, со различни вештини. Можностите за напредок во рамки на групацијата се навистина големи.
Покрај тоа, секој вработен добива сеопфатен пакет на бројни бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, бесплатно членство во фитнес центри, флексибилно работно време и можност за работа од дома.
5. BtoBet годинава за првпат ќе биде учесник на Најголемиот регионален саем за вработување, каде ќе ја претставите компанијата преку својот брендиран штанд. Каква понуда на огласи и за какви профили може да очекуваат кандидатите кои ќе го посетат штандот?
Секогаш сме во потрага по најдобрите таленти, а тоа подразбира дека сме секогаш отворени за можноста да зборуваме со потенцијалните вработени и за работни позиции кои можеби во моментот не се отворени во компанијата. Како софтверска компанија, постојано сме во потрага по талентирани кандидати кои ќе се приклучат во тимовите кои успешно работат на развивање на нашите продукти. На овој саем, дел од отворените работни позиции за кои заинтересираните може да аплицираат се Net Developers, Front-end developers, Software Engineers, PHP/JS and Quality Assurance Testers.
6. Што би им препорачале на оние чии апликации ќе бидат одбрани, како да се подготват за интервјуто за работа во BtoBet?
Да бидеме искрени, интервјуата за работа можат да бидат стресни, дури и кога сме биле на голем број од нив. И покрај тоа што на овие интервјуа се бара висок степен на техничко знаење, за нас е важно овој процес за кандидатите да биде што поедноставен и порелаксиран.
Како компанија веруваме дека работата треба да биде и забавна, а оваа атмосфера треба да преовладува низ целиот процес на on-boarding ориентација на вработените. Покрај квалификациите на потенцијалните вработени кои се од суштинско значење, од голема важност е тие да покажат отвореност и адаптибилност со што лесно ќе се вклопат во компаниската култура и ќе станат дел од големото семејството на BtoBet.
7. За крај, кои се вашите планови за во иднина како компанија, планирате ли некои новитети и во кој правец ќе се движи вашиот развој?
Планот на компанијата е да остави свој отпечаток на оние пазари кои ги смета за основна приклучна точка, односно пазарите во развој како Африка и Латинска Америка. Истовремено продолжуваме да се шириме и на веќе развиените пазари, како што е Европскиот. Среќен сум што можам да кажам дека досега и повеќе од успешно исполнуваме целите кои ги поставивме во однос на зголемување на пазарното присуство.
Факт е дека iGaming индустријата континуирано се развива. Оттука, секогаш сме во потрага по нови можности кои ги нудат и новорегулираните пазари. Еден од нив е Бразилскиот, кој е исто така дел од идните планови на компанијата.
На технолошки план, развојот е континуиран процес. Секогаш трагаме по нови и иновативни решенија кои ќе им ги понудиме на нашите партнери, со цел да обезбедиме возбудливо и стимулирачко искуство за нивните играчи, особено имајќи предвид дека грижата за играчите е една од главните карактеристики која го разликува BtoBet од останатите.
BtoBet годинава за првпат ќе се претстави како брендиран изложувач на Најголемиот регионален саем за вработување. Посетете го нивниот штанд ЛИНКОТ во период од 13-20 октомври и дознајте повеќе за можностите за кариера во BtoBet.