Времето во земјава денеска ќе биде претежно облачно, претпладне со повремен локален дожд, а ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.
Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 10 степени.
Од утре следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури.