Едно истражување покажало дека 80% од работодавците се информираат за потенцијални вработени пред самото интервју за работа, на интернет, особено на Google.
Според истражувањето наведено од Business Insider, работодавачите не ве “гуглаат“ со намера да ги најдат вашите негативни страни. Претежно е обид подобро да се запознаат со кандидатот за полесна селекција.
Овие работи работодавците ги проверуваат за вас на интернет:
Фотографија
Работодавачите сакаат да знаат како изгледа кандидатот за работа. Бидете сигурни дека имате професионална фотографија на вашите социјални медиуми за да можат да ве видат.
Онлајн портфолио
Втората работа што работодавачите ќе ја бараат на интернет се вашите професионални достигнувања, активности, награди. Онлајн портфолио е одлична можност да ја објавите вашата биографија и да го покажете вашиот кредибилитет. Тоа ќе има даде подобра претстава за вас и за вашите способности, и ќе можат да оценат што можете да направите за нивната компанија.
Присутност на социјалните мрежи
Работодавачите , исто така, сакаат да знаат како се претставувате и каква е вашата улога во онлајн заедницата, како комуницирате со другите преку интернет.
Многу работодавачи прво ќе бараат информации за вас на LinkedIn. Бидете сигурни дека вашиот профил на LinkedIn е колку што е можно детален, но користете и други социјални мрежи за тоа.
Кредибилитет
Работодавачите не само што сакаат да знаат какви се вашите квалификации за позицијата што ја нудат, тие се заинтересирани и за тоа како вие се вклопувате во културата на нивната компанија.
Работодавачите ве “гуглаат“ на интернет за да создадат слика за вашите особини
Исто така, тие се заинтересирани дали можеби во одреден момент зборувавте негативно за вашиот поранешен работодавач или колеги, како и за содржината што ја споделувате на социјалните медиуми.