Неодамна заврши сослушувањето Марк Зукерберг (основачот и извршен директор на „Фејсбук“) пред Конгресот на САД, кој требаше да ги објасни деталите зад еден од најголемите скандали со приватноста, откриени претходно оваа година.
Иако комплетната ситуација со „Кембриџ аналитика“ и неговата манипулација со кориснички податоци е многу сериозна и голема, ова сослушување покажа и друго лице како и голема несериозност.
Она што дефинитивно се виде за време на испитувањето на Зукерберг е недостатокот на информации, недостатокот на свест и недостатокот на едукација на американските конгресмени во однос на новите технологии и социјалните мрежи.
Еве ги најголемите „бисери“ од сослушувањето:
1. Сенаторите на САД веруваат дека некој ја пробил безбедноста на „Фејсбук“ и дека податоците биле обелоденети
Се разбира, ситуацијата со „Кембриџ Аналитика“ не се случи на овој начин. Проблемот се должи на екстремно флексибилните методи на Фејсбук што компаниите ги користат за собирање и споделување на кориснички податоци.
Значи, ова не беше хакерски напад и кражба на податоци, туку едноставно начинот на кој функционира „Фејсбук“ – нудејќи насочени реклами, продажба на кориснички податоци и слично.
2. „Твитер“ не е исто што и „Фејсбук“
Еден од сенаторите праша дали „Твитер“ е исто што и „Фејсбук“ и …
3. Сенаторите не знаат како „Фејсбук заработува“
Еден од сенаторите го праша Зукерберг: „Како го одржувате бизнис моделот, каде што корисниците не плаќаат за вашите услуги?“, на што Зукерберг ги преврте очите и одговори: „Конгресмен, ние продаваме реклами“.
Сега секој знае дека иако Фејсбук е слободен како производ, во овој случај корисниците се производ кој се продава и на кој се заработува.
4. Рој Нелсон истакна дека тој е првиот сенатор кој ја ставил својата „Фејсбук“ адреса на бизнис картичка
Па, добро …
5. Сенаторот Брајан Шац не е баш сигурен за што служи „ВатсАп“, и го праша Зукерберг: „Ако испратам мејл во рамките на „ВатсАп“, дали за тоа ги информирате вашите огласувачи“
Ај, ај, ај…
6. Некои сенатори сé уште живеат во далечното минато, бидејќи сè уште размислуваат за „Фејсмаш“
Меѓу нив беше и Били Лонг, кој го праша Зукерберг за тоа што е „Фејсмаш“ и дали се уште функционира. „Фејсмаш“ е еден од најраните проекти на Зукерберг, кој на крајот помогна во креирањето на визијата за „Фејсбук“.
„Фејсмаш“ беше згаснат по неколку дена.
7. Сенаторката Шели Мор побара од Зукерберг да обезбеди интернет врска во областите каде што нема
Се разбира, „Фејсбук“ не е интернет провајдер, туку само услуга која работи на Интернет.
8. Еден од сенаторите го поврза „Фејсбук“ со пиратерија, а исто така спомена дека продажбата на опијати на „Фејсбук“ е многу честа појава …
Она што беше интересно да се види на сослушувањето, е дека самиот Марк Зукерберг покажа извонредна воздржаност во текот на два дена да одговори на често исклучително глупави прашања од неинформираните конгресмени, пишува „Гик“.