Хонгконг е едно од тие места каде што е потребно да им се даде стимулација и поттик на граѓаните да се вакцинираат, и тоа треба да се направи што е можно побрзо. Сепак, бидејќи тука станува збор за Хонгконг, можете да претпоставите дека таа стимулација ќе се карактеризира со луксуз. Зошто да се потпрете на позитивна пропаганда кога можете да ги инспирирате луѓето да се вакцинираат нудејќи им Тесла автомобили или злато? Градските тајкуни и богатите компании даваат сè од себе за да ги направат своите понуди што е можно попривлечни.
„CK“ групацијата на Ли Ка-Шинг, заедно со неговата добротворна фондација, ќе им подарат ваучер за купување во износ од 20 милиони ХКД (2,6 милиони американски долари) на лицата кои ги примиле двете дози на вакцина. Компанијата „New World Development Co.“, која ја предводи милијардерот Адријан Ченг, исто така објави дека ќе понуди 10 милиони ХКД субвенции за лица со пониски примања кои се вакцинирале. На почетокот на оваа година, на граѓаните им се нудеа одмори и вакцини во истиот ангажман.
Ултрабогатите буквално се построија да платат 55.000 американски долари за приватни летови кон Обединетите Арапски Емирати или Индија за да се вакцинираат. „Knightsbridge Circle“ им наплаќал на своите членови годишен надомест од 34.000 долари за да се грижат лични менаџери за нив, да летаат со првокласни летови до Емиратите, да престојуваат во отмени вили и да уживаат во најдобрите знаменитости на овие земји.
Уште еден пример за скап обид насочен кон зајакнување на кампањата за вакцинација на Хонгконг е политичарката Реџина Ип, која понуди дијамантски часовници Ролекс како дел од лотаријата за вакцинацијa. Но, забавата не застанува тука – тие донираат накит, ретки листови од чајот Да Хонг Пао, ваучери и електроника на своите членови и оние кои се регистрираат како нивни „пријатели“.
Слично на тоа, најголемиот хонгконшки претприемач, „Sun Hung Kai Properties Ltd.“ нуди награди, вклучувајќи и Ајфон, додека „Henderson Land Development Co.“ која припаѓа на Ли Шау-Ки нуди златни прачки.
Досега само околу 15,1 отсто од хонгконшката популација од 7,5 милиони жители се целосно вакцинирани. Тие навистина заостануваат зад финансиските центри како Лондон и Сингапур, но доколку продолжат да се делат вакви награди сигурни сме дека ситуацијата набрзо ќе се промени.