Во време кога масовно се завршуваат магистерските студии, потешко се наоѓаат оние кои немаат барем основна факултетска диплома, но ги има. Ако сте еден од тие луѓе, во никој случај не сте осамени.
Покрај тоа, компаниите стануваат се помалку строги по ова прашање. Всушност, повеќето возрасни луѓе немаат завршено високо образование. Без разлика, можеби мислите дека имате мали шанси да развиете добро платена кариера во компаниите, но тоа е само делумно точно.
Вашите шанси може да бидат подобри отколку што мислите, благодарение на зголемената мрежа на програми за обука. Ваквите програми резултираат со платена обука на работното место, бенефиции и пристап до мрежите на вработените.
Во текот на изминатите години, работодавачите се обидоа да најдат решенија за два проблема: еден проблем е долгоочекуваниот недостаток на квалификувана работна сила - особено во технологијата; друг предизвик е потребата за активно справување со системските нееднаквости и несвесната пристрасност во практиките за вработување и унапредување.
Всушност, сé уште има многу професии и работни места за кои не е потребна факултетска диплома, и ако масите одлучат да студираат - дефицитот ќе остане токму во доменот на различни занаети што им се потребни на индустриите.
За да останат конкурентни, шефовите сфатија дека треба да ја прошират својата потрага по кандидати со висок потенцијал, бидејќи сега постои поголемо признание дека ниту една раса, националност, пол, поштенски број или диплома нема монопол врз талентот.
Кога некој ќе се вработи, најчесто има зголемување на платата. Но, се разбира, за напредување на скалата на многу големи компании на крајот ќе бара кандидатите да имаат некоја повисока диплома.
Кандидатите за работа без дипломи се вработуваат како почетници, а понекогаш и добиваат и повисоки позиции преку разни програми кои нудат обуки и дооусовршување на работно место, тренинг, како плата и бенефиции.