По 17 месеци забрана за вршење на својата дејност, здравствените власти дадоа зелено светло за организирање на свадбени прослави. Рестораните кои се специјализирани за свадбени прослави ги отворија своите локали во јуни годинава и започнаа со подготовка на првите семејни прослави.
По 17 месеци забрана за вршење на својата дејност, здравствените власти дадоа зелено светло за организирање на свадбени прослави. Рестораните кои се специјализирани за свадбени прослави ги отворија своите локали во јуни годинава и започнаа со подготовка на првите семејни прослави.
Угостителите велат дека искуството кое го имаат добиено од почетокот на летото со дозволата за работа на економските оператори за организирани настани им е дадено до знаење дека строгото почитување на протоколот за работа е единствениот механизам кој дозволува угостителските објекти непречено да ја обавуваат својата дејност и во зимскиот период. Секако велат дека на овој факт мора да се додаде и фактот дека во моментов има речиси над половина милион население кое е имунизирано со што сега сметаат дека нема никаква пречка за добивање на дозвола за организирани настани во затворениот дел на категоризираните угостителски објекти.
Согласно инфромациите од Стопанските комори и Здруженијата на угостители, рестораните за свадби оваа година имаа добра сезона, ако се спореди со 2020 година, имајки предвид дека претходната година поради протоколите истите не можеа да работат - сметаат од Министерството за економија.
Поради превенција од ширење на Ковид 19, каде за влез во угостителски, или било каков објект или трговски центар потребно е граѓаните да достават потврда за вакцинација со најмалку една доза или доказ за прележан Ковид 19 во последните 45 дена. Од инспекторатот ни посочија и дека се вршеле проверки за почитување на протоколот по однос на ограничувањата на бројот на гостите, каде согласно протоколот дозволено е работа во затворениот дел на кафетериите со искористеност на капацитетите до најмногу 30%, како и работа на отворените делови или терасите, до најмногу 50% од капацитетот на објектот.
На неколку пати во текот на оваа здравствено-економска криза целокупната индустрија поврзана со организирањето на свадбени и останати семејни прослави протестираше во Скопје и во неколку други поголеми градови, со што го изразуваа незадоволството од тоа што им бше забрането да си ја работат својата дејност. Освен сопствениците на ресторани и песоналот на протестите излегуваа и поддршка им дадоа, музичарите, салоните за невестински фустани, сниматели и форографи, лица кои се занимаваат со украсување на свадбената сала, цвеќари и останати лица без кои не е возможно да се организира една свадбена прослава.