![Нема промена во цената на горивата](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/97/691c6379-resize-820x0x100.jpg)
Регулаторната комисија потсетува дека тоа се максималните цени на нафтените деривати, но дека трговците со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
„Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 1,04%, кај дизелот за 0,304 %, кај екстра лесното масло за 0,357 % и кај мазутот за 0,402 %. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,454 %“, се вели во соопштението од Регулаторната комисија за енергетика.