Рекорден број учесници на седмиот Social Friday кој се одржа во СОС Детско Село во Скопје
Над 150 ентузијасти свесни за можноста непродуктивното петочно попладне да се пренамени во организирање на социјални активности коишто се корисни за заедницата го започнаа седмиот Social Friday којшто и овој пат се случува во СОС Детско Село во Скопје.
Овој Social Friday беше исполнет со игра и смеа, натпревари во готвење и правење салати, и за крај, натпревар во декорирање на мафин! Целта беше да потрошиме квалитетно време заедно и да си посакаме убав летен период.
Одлична можност во еден бурен период од годината да излеземе од канцеларија, да правиме добро заедно, да стекнеме нови перспективи, да се вмрежуваме и да се наполниме со позитивна енергија. Дефинитивно вредеше за децата, за нашиот тим и за сите учесници од општеството. Сакам да им се заблагодарам на сите кои ни се придружија и кои ќе ни се придружат во иднина. Ние веруваме дека вреди - изјави иницијаторот на Social Friday, Фикрет Зендели.
На настанот присуствуваа претставници и деца од СОС Детско Село Македонија, претставници од повеќе компании, претставници од општествени организации и голем број општествено одговорни граѓани кои ја гледаат потребата за реални промени во општеството.
Седмиот Social Friday беше организиран од страна на компанијата BREON којашто е всушност и иницијаторот на оваа глобална иницијатива за која веќе пројавуваат интерес компании од регионот, но и пошироко.
СЕКОЈ МОЖЕ ДА ОРГАНИЗИРА СВОЈ SOCIAL FRIDAY
Целта на Social Friday е да се мотивираат и другите компании да го имплементираат овој модел во своите програми за корпоративна општествена одговорност преку организирање на свој Social Friday четири пати годишно, по еден петок на секои три месеци.
Посети ја нашата веб страна:
Следи не на Facebook:
https://www.facebook.com/socialfridayactivity/
Следи не на Instagram:
https://www.instagram.com/socialfridayactivity/