Комуникацијата со светот, со помош на технологијата, никогаш не била толку силно развиена. Постојат голем број апликации коишто им овозможуваат на луѓето, иако се на различни точки во светот, да комуницираат без никаков проблем. Една од тие апликации е VIBER.
Почетоците на Viber датираат од 1998 година, кога Талмон Марко и Игор Магазник, инаку пријатели од израелските одбранбени сили, ја основаа компанијата Viber Media со седиште во Тел Авив. Компанијата беше управувана во Израел, а користени биле ресурси од Белорусија, со цел да се намалат трошоците за работна рака.
На почетокот, Viber не беше атрактивен за корисниците и не генерираше приходи. Подоцна, се инвестирани 20 милиони долари во компанијата, а се ангажирани околу 120 вработени каде јапонски Rakuten објави дека го презема Viber Media за 900 милиони долари. Со овој износ, основачите добија 30 пати поголем поврат од првичната инвестиција.
Viber беше достапен за корисниците на iPhone и претставуваше директна конкуренција на Skype, а за корисниците на Android оваа апликација беше достапна подоцна. Придобивките од користењето на оваа апликација ги чувствуваат голем број лица, кои освен за приватни разговори, го користат Viber и за бизнис комуникација.
Денес, Viber има над 900 милиони активни корисници ширум светот.