Кога станува збор за продуктивноста, сите се соочуваме со ист предизвик – секој од нас има по 24 часа дневно. Но сепак, некои луѓе се чини како да имаат двојно повеќе време бидејќи едноставно знаат правилно да го користат. Дури и кога се преокупирани со различни проекти, тие ги постигнуваат своите цели без било каква грешка.
Времето е единствениот капитал што човековото суштество го има на располагање и единственото нешто што не смее да дозволи да го изгуби. – Томас Едисон
Неописливо е чувството кога ќе излезете од канцеларија после ултра-продуктивен ден. Со правилен пристап, ова чувство може да го имате секој работен ден. Нема потреба да работите до доцна или да се напрегате себеси повеќе – единствената работа што треба да ја направите е да работите паметно.
Ултра-продуктивните луѓе се потпираат на техники со кои се станува многу поефективен. Најдоброто нешто за овие техники е тоа што се многу лесни за имплементирање. До толку лесни што може да започнете да ги користите уште утре. Дадете им шанса и гледајте како вашата продуктивност расте. Па еве што прават продуктивните луѓе:
Се борат против тиранијата на ургентноста
Ова се однесува на зачестената тенденција на малите нешта кои мора да бидат завршени веднаш, а немаат речиси никаков импакт и ни стојат на патот до работите кои носат голема вредност. За да бидете попродуктивни, овие работи треба да ги игнорирате или да ги делегирате на некој што е одговорен за нивното извршување.
Никогаш не чепкаат иста работа двапати
Не оставаат недовршен меил или телефонски повик за подоцна. Штом нешто ви привлече внимание, веднаш реагирајте, делегирајте или игнорирајте.
“Доручкуваат жаби“
“Појадување жаби“ е најдобар лек против одложувања и продуктивните луѓе го започнуваат денот со овој вкусен деликатес. Со други зборови, го започнуваат денот со задачата за која имаат најмалку апетит за подоцна да се фокусираат на вистинските работи што ги инспирираат.
Не прават мултитаскинг
Ултра-продуктивните луѓе знаат дека мултитаскингот е вистински убиец на продуктивноста. Според истражување спроведено од Универзитетот во Стенфорд, мултитаскингот е помалку продуктивен од ставањето фокус на само една работа. Завршувајте ги работите една по една.
Се подготвуваат за утрешниот ден пред да напуштат канцеларија
Продуктивните луѓе се подготвуваат за утрешниот ден. Ваквата пракса ќе ви помогне да го сумирате денешниот ден и да направите план за утредента. Потребни ви се само неколку минути, а оваа активност е навистина добра за финиширање на работниот ден.
Се придржуваат до агенда на состаноци
Состаноците се еден од најголемите потрошувачи на време. Ултра-продуктивните луѓе ги информираат сите дека ќе се придржуваат до договорената агенда. Ова ќе ги мотивира останатите да бидат пофокусирани и поефикасни.
Кажуваат не
Но е моќен збор што ултра-продуктивните луѓе не се плашат да го употребат. Кога е време да се каже не, тие избегнуваат да употребат фрази како “не сум сигурен дали ќе можам“ или “не сум сигурен“. Истражување спроведено од Универзитетот во Калифорнија покажа дека колку потешко ви е да кажете не, до толку се поголеми шансите да почувствувате стрес, burnout, па дури и депресија.
Проверуваат мејл во интервали
За да бидете ултра-продуктивни не дозволувајте вашиот мејл постојано да ви го одзема вниманието. Проверувајте го во однапред дефинирани интервали и правете приоритети на кого ќе возвратите веднаш.