Има причина да прославиме кога би добиле понуда за работа од друг работодавец. Но, штом ќе завршиме, може да почувствуваме страв бидејќи треба да го известиме сегашниот шеф. Тоа е деликатна ситуација, но ако постапите правилно, може да се најдете во среќна позиција и да направете контрапонуда во вашата моментална компанија. Ова може да доведе до покачување на вашата моментална плата на сегшаното работно место или можеби сепак ќе одлучите да заминете. Еве неколку начини како да го информирате вашиот шеф дека сте добиле понуда за работа од друга компанија.
1. Размислете за вашите цели и смислете стратегија
Добивањето на понуда од друга комапнија не мора да значи дека ќе ја прифатите и ќе ја напуштите сегашната работа. Можеби понудата ја добивте во погрешен момент со што треба да ја споредете со вашата моментална работа. Дури и ако сте интервјуирани за новата работата и сериозно ја разгледувате понудата, можеби сè уште не сте сигурни дали сакате да ја преземете новата позиција.
2. Бидете позитивни додека разговарате
Начинот на кој ќе објаснувате за вашата нова можност може да ви донесе позитивно искуство, без разлика дали вашата цел е да заработите повеќе пари кај вашиот сегашен работодавец или да заминете во новата компанија. Дури и ако сте возбудени да ја напуштите работата и да продолжите понатаму, важно е да бидете професионални до крај.
3. Бидете спремни за контра-понуда
Штом ќе ги споделите вашите вести можно е да вашиот претпоставен да ви предложи контрапонуда за да ве разубеди да останете во сегашната компанија. Вашиот шеф може да ве праша која е вашата нова плата и да ве искушува со зголемување на истата за да останете на вашата моментална работа.
Доколку ги следете овие совети, ќе можете да водете успешен разговор со вашиот шеф.