Недостигот на работна сила е генерално проблем што е актуелен во целиот свет, но тоа е особено забележливо во ИТ секторот, поточно компаниите не можат да најдат доволно информатичари, па сè повеќе им нудат работа на студентите, па дури и на средношколците.
Им ветуваат дополнително образование и можност за напредување, но ако некој дел од економијата се спротивставува на пандемските притисоци, тогаш тоа е секторот за информатичка технологија.
Згора на тоа, најдобрите меѓу нив во кризата ја препознаваат шансата и продолжуваат да вработуваат. Се разбира, ако имаат кога, т.е. ако талентите не се веќе регрутирани и „окупирани“. Една компанија лани вработила околу 200 нови луѓе, а годинава до 1 септември веќе имала 347, главно млади професионалци.
Нивниот план бил многу поамбициозен, поточно планирале да вработат околу 600 луѓе, но како што велат - не успеале. Целта сега е до крајот на годината да имаат 500 нови ИТ експерти.
Голема предност за младите во денешно време е тоа што поголемиот дел од нив имаат самоиницијатива и желба да се дообразуваат и да учат нови работа. Тоа им отвора нови видици, шанси и предизвици за понатамаошна кариера. Интересен е податокот дека голем дел од нив се успешни во својата намера за успех, па дури и основаат свои компании.