Порталот Vrabotuvanje.com.mk во рамките на Регионалниот онлајн саем за вработување во Македонија спроведе истражување со цел да се откријат сличностите и разликите во условите за работа во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Македонија
Во истражувањето во кое учествуваа и водечките портали за вработување во Србија (Poslovi.Infostud), Хрватска (MojPosao) и Босна и Херцеговина (Posao.ba), Словенија (Deloglasnik.si) беа опфатени над 5.000 испитаници, од кои речиси 1.000 од Македонија. Од испитаниците во Македонија, 54% се вработени, 39% се невработени и 7% се студенти.
Еден сегмент од истражувањето беше прашањето Што според вас е најважно за добивање на работата?
Мотивацијата и подготвеноста за работа е најважна според 35% од испитаниците во Македонија, 24% се одлучиле за знаењата и вештините кои ги поседуваат, а 20% се потпираат на работното искуство.
Останатите фактори како препораки, формално образование, познанства, среќа и партиска припадност, се застапени со нешто помалку од 10%.
Формалното образование како фактор е застапен со најмал процент (2%).
Македонците најмалку веруваат во среќам најмногу во мотивација
Интересен е фактот што само 2% од испитаниците размислуваат дека формалното образовние е најважно за добивање на работа.
Овој податок покажува дека имаме кандидати кои се подготвени да се адаптираат, дообучат и да прифатат работа која не им е „по струка.“
Во однос на разликите со другите земји, македонците процентуално најмалку веруваат во среќа како фактор за добивање на работа, а најмногу во мотивацијата и волјата на работа.