Неодамна, на еден блог што го води извесен Стивен, осамна текст кој го обиколи светот со неверојатна брзина.
Причината е таа што многу луѓе, всушност, се пронашле во него!
“Размислував, но не можам да си дозволам да имам дадилка и домашна помошничка … мојата сопруга беше принудена да ја напушти својата работа и целосно се посветила на домот и детето. Го храни, му менува пелени, го теши кога плаче и му шепоти секоја вечер, но тоа е само почеток …
Да, таа е мајка и природно е што се грижи за своето дете, но размислете колку пари треба да дадат мајките кои поради работа не можат да го направат тоа!”
Стивен дури и пресметал колку на годишно ниво би чинело сето она што неговата сопруга работи:
- Просечна заработка на дадилки – 705 долари неделно, или 36.660 долари годишно.
Чистење на куќата – 50 до 100 долари секој пат, или 5.200 долари годишно. - Сервисот “потрчко” (оној кој би купувал храна) – 65 долари секој пат, 4 пати неделно, или 13.520 долари годишно.
- Готвач – 240 долари неделно, или 12.480 долари годишно.
- Финансиски помошник (располагање со буџетот, плаќање на сметки, итн.) – 15 долари на час, 5 часа неделно, 3,900 долари годишно.
- Организирање собири (семејни ручеци, …) – 75 долари за час, 4 часа, 3 пати годишно, вкупно 900 долари годишно.
- Перење алишта – 25 долари неделно, 1.300 долари годишно.
Вкупниот износ годишно изнесува 73.960 долари!
“Чувствувам срам, бидејќи сето ова време ништо не сум купил. Се чувствувам засрамено затоа што таа секогаш мисли дека премногу троши и дека сите наши приходи ги фрла залудно. Таа ме сака мене и нашиот син, секако без парични надоместоци!
Меѓутоа, мора да се замислиме и да си кажеме дека нивната работа објективно вреди многу повеќе отколку што всушност ќе заштедат пари при ангажирање домашна помошничка.
На овој чуден начин, сакав да ја изразам својата длабока почит, како на жена и мајка на мојот син, на мојата голема поддршка!
Таа вреди повеќе од секоја скапоцен камен во светот”, заклучи Стивен.
kukuriku.com.mk