Никола Љушев стапува на позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком од 1 јули 2018 година.
Љушев доаѓа во Телеком со долгогодишно искуство на највисоки раководни позиции во Дојче Телеком Групацијата, во Космофон, како и во Телеком Австрија Групацијата. Последнава година ја извршува функцијата Главен извршен директор на Црногорски Телеком (членка на Дојче Телеком Групацијата), период во кој компанијата за прв пат по шест години прави пресврт во работењето и бележи раст, поради што ќе продолжи истовремено да ја извршува и таа функција.
Пред да се приклучи на Црногорски Телеком, Љушев беше во највисокиот менаџмент на Телеком Австрија во Македонија како Главен извршен директор на Вип оператор во периодот од 2007 до 2015 година, а по спојувањето на Вип и Оне, и извршен директор на oне.Вип во периодот 2015-2016. Љушев беше и Главен директор за техника во Космофон од 2003 до 2007. Својата кариера во телекомуникации ја почна токму во Македонски Телеком во 1997 година.
Љушев е дипломиран електротехнички инженер во областа на електроника и телекомуникации, со надополнето образование за корпоративен менаџмент на престижни меѓународни школи и универзитети, меѓу кои и Харвард бизнис школата, ИНСЕАД, Универзитетот во Чикаго и други. Престижниот магазин Global Telecom Business – Лондон два пати го има избрано, во 2010 и 2011 година, за еден од четириесетте најдобри извршни директори под 40-годишна возраст во телекомуникацискиот сегмент во светски рамки.
Неговото долгогодишно искуство и експертско познавање на индустријата на телекомуникациите, како и досегашните извонредни резултати и достигнувања беа клучни при изборотот за прв човек на Македонски Телеком и воедно гаранција дека компанијата ќе продолжи со остварување на планираните бизнис цели и понатаму ќе ја предводи дигитализацијата на македонското општество
Кој е новиот Главен извршен директор на Македонски Телеком?
Aktualno
-
Климатски промени: Шест едноставни начини да и помогнеме на нашата планета во 2025 година
Пред десет години научниците ја сменија дефиницијата за она што тие веруваа дека е „безбедна“ граница за климатските промени , со цел да ја спасат планетата, а со тоа и самите себеси, од најлошото.
-
Ако „згрешите“ во една земја-членка, нема да можете да возите во цела ЕУ
Секој што ги прекршува сообраќајните прописи во една од земјите на Европската унија може да ја изгуби возачката дозвола низ целата Европска Унија.
-
Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој
Ќе стане ли недела работен ден за сите? Премиерот, на седницата за пратенички прашања, истакна дека Владата размислува за промени во законот за недела како неработен ден.
-
Аеродромот во Истанбул е најпрометен во Европа
Аеродромот во Истанбул трета година по ред ја задржа својата позиција на најпрометен воздушен центар во Европа, со 1.401 лет дневно во просек во 2024 година, според податоците на Еуроконтрол објавени денеска.
-
Производителите се борат со продажбата на ШАМПАЊ: „Луѓето веќе немаат што да слават“
Продажбата на шампањ го изгуби својот сјај, бидејќи луѓето ширум светот не се расположени да наздрават со „на здравје“.
-
Кои европски земји привлекоа најмногу посетители?
Во последните две години, бројот на туристички ноќевања во земјите на Европската унија бележи значителен раст. Најголемиот напредок е забележан во Луксембург, Малта и Летонија, додека Франција и Белгија се соочуваат со мал пад.