Никола Љушев стапува на позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком од 1 јули 2018 година.
Љушев доаѓа во Телеком со долгогодишно искуство на највисоки раководни позиции во Дојче Телеком Групацијата, во Космофон, како и во Телеком Австрија Групацијата. Последнава година ја извршува функцијата Главен извршен директор на Црногорски Телеком (членка на Дојче Телеком Групацијата), период во кој компанијата за прв пат по шест години прави пресврт во работењето и бележи раст, поради што ќе продолжи истовремено да ја извршува и таа функција.
Пред да се приклучи на Црногорски Телеком, Љушев беше во највисокиот менаџмент на Телеком Австрија во Македонија како Главен извршен директор на Вип оператор во периодот од 2007 до 2015 година, а по спојувањето на Вип и Оне, и извршен директор на oне.Вип во периодот 2015-2016. Љушев беше и Главен директор за техника во Космофон од 2003 до 2007. Својата кариера во телекомуникации ја почна токму во Македонски Телеком во 1997 година.
Љушев е дипломиран електротехнички инженер во областа на електроника и телекомуникации, со надополнето образование за корпоративен менаџмент на престижни меѓународни школи и универзитети, меѓу кои и Харвард бизнис школата, ИНСЕАД, Универзитетот во Чикаго и други. Престижниот магазин Global Telecom Business – Лондон два пати го има избрано, во 2010 и 2011 година, за еден од четириесетте најдобри извршни директори под 40-годишна возраст во телекомуникацискиот сегмент во светски рамки.
Неговото долгогодишно искуство и експертско познавање на индустријата на телекомуникациите, како и досегашните извонредни резултати и достигнувања беа клучни при изборотот за прв човек на Македонски Телеком и воедно гаранција дека компанијата ќе продолжи со остварување на планираните бизнис цели и понатаму ќе ја предводи дигитализацијата на македонското општество
Кој е новиот Главен извршен директор на Македонски Телеком?
Vijest
-
Овој град е престолнина на најдобрата кујна во Европа
Познатиот светски гастрономски водич Taste Atlas ја објави својата годишна листа на најдобрите кујни во светот. Сите кујни се рангирани врз основа на гласовите на публиката, а беа оценувани според состојките, специјалитетите и пијалаците кои се неизоставен дел од гастрономијата. Покрај тоа, водичот ги издвојува и градовите каде се јаде најдобрата храна, а минатата година беше во знакот на пицата.
-
Заборавените занаети во Македонија – традицијата пред исчезнување
Во срцето на Македонија, меѓу тесните калдрми и мирисот на историјата, постојат занаети кои некогаш биле движечка сила на општеството, а денес бавно исчезнуваат.
-
Бела Бајарија: Моќната директорка на Нетфликс, жената која одлучува што ќе гледаме на популарната платформа
Бела Бајарија беше именувана за главна директорка за содржина на Нетфликс во јануари 2023 година, откако беше на чело на Глобал ТВ од 2020 година, и е задолжена за сè што нуди платформата ширум светот, надгледувајќи го годишниот буџет на Нетфликс од 17 милијарди долари и е одговорна за многу омилени хитови.
-
Македонската армија на 110 место на листата најмоќни војски во светот
Интернет-порталот „Глобал фајерпауер“ неодамна објави листа на 145 земји рангирани според нивната воена сила за 2024 година. На листата за воената моќ на државите, Македонија на почетокот од оваа година е позиционирана на 110-та позиција.
-
Ер Канада преку Еделвајс Ер ги поврзува Скопје и Цирих со канадските градови
Air Canada започна со споделување кодови на услугата на Edelweiss Air меѓу Цирих и Скопје.
-
Како пасошот станал клучен документ за патување? Од средновековни документи до модерни биометриски потписи
Иако модерниот, глобално стандардизиран пасош се користи само во последните сто години, идејата за документи кои овозможуваат минување на границите е многу постара.