Неодамна е отворена новата бензинска станица на Галф Оил лоцирана на автопатот Тетово – Гостивар.
Компанијата „Супертрејд“ која е овластен дистрибутер на премиум горивата на американската компанија Галф Оил за Македонија најавува дека ова е само почеток во реализацијата на долгорочниот план за отварање на повеќе бензиски станици ширум земјата.
Горивата на Галф Оил на македонскиот пазар се присутни речиси една година, а првата бензиска пумпа беше отворена минатата есен лоцирана на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје.
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ГАЛФ ОИЛ - АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ!
– Чест и огромно задоволство ни е што македонските возачи ќе можат да ги користат врвните горива на Галф Оил на повеќе локации низ земјата. Премиум G-Force безоловното и Xtream дизел горивата, создадени по уникатна формула од пред неколку денови се достапни за Тетовчани и сите кои се движат по автопатот Тетово – Гостивар. Нашите планови како што најавивме уште пред речиси една година не застануваат тука – изјави Владимир Стајиќ, генерален менаџер на Супертрејд.
Супертрејд е компанија со 27 годишна традиција на нашиот пазар чија главна цел е создавање поголеми вредности за своите потрошувачи и општеството преку активно унапредување на работењето на компанијата на пазарот со нафта и нафтени деривати. Основана е во 1991 година, а нејзината доминантна дејност е трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива, а исто така се става акцент на развојот на малопродажниот сектор на нафта и нафтени деривати, како и на друга трговска стока.
Галф Оил е американски бренд со повеќе од 117 годишна традиција и искуство во производство и дистрибуција на нафтени деривати, моторни масла и лубриканти.
Производите на Галф оил се дистрибуирани во повеќе од 100 земји и воедно претставува еден од најголемите глобални дистрибутери, со квалитет на производи кој несомнено е потврден не само на регионално, туку и на глобално ниво
press24.mk