Интервју со Марина Симеонова, Регрутер, Оддел за човечки ресурси во BtoBet
На овогoдинешниот Регионален саем за вработување кој се одржа од 13 до 20 Октомври свој највпечатлив но и најпосетуван IT штанд имаше еден од најдобрите провајдери на софтвер за спортско обложување во светски рамки - македонската компанија BtoBet. Токму затоа, после сите впечатоци, сумираните резултати и придобивките од Саемот - разговараме со Марина Симеонова, Регрутер во Оддел за човечки ресурси во BtoBet.
BtoBet беше меѓу првите три компании според бројот на посети на Регионалниот саем за вработување, а вашиот штанд беше најпосетуван во ИТ павилјонот! Честитки за успехот! Се претставивте на оригинален начин кој го привлече вниманието на многу од посетителите. Какви се вашите впечатоци и искуства од учеството на саемот?
- Со оглед на тоа што BtoBet за првпат учествува на саем за вработување од овој вид, навистина сме среќни што се вбројуваме помеѓу трите компании со најголем број посети. Целта на самото учество, којашто можам да кажам дека успешно ја остваривме, беше да се доближиме до нови, потенцијални вработени на еден непосреден начин, да овозможиме јавноста да нè запознае како домашна компанија која успешно делува на интернационалниот пазар заради врвните технологии кои ги испорачува, а сето тоа благодарение на посветениот тим експерти и професионалци кои стојат зад тоа. Континуирано вложуваме во зголемување и подобрување на можностите кои ги нудиме, со цел да обезбедиме услови за индивидуален, но и тимски развој како на постојните, така и на идните кадри во компанијата.
Кандидатите имаа можност да аплицираат на повеќе огласи за работа на Вашиот виртуелен штанд. Имајќи предвид дека BtoBet важи за навистина посакуван работодавач, каков беше интересот на кандидатите да станат дел од Вашата компанија?
- Искуството беше навистина одлично. Поконкретно, во поглед на бројот на кандидати како и пристигнатите апликации, можам да кажам дека го добивме она што и го предвидовме како бројка. Како изложувач, имавме објавено вкупно десет различни отворени позиции и за секоја од нив имавме голем број пристигнати апликации.
Некои од нашите клиенти споделија искуства дека вработиле голем број апликанти токму од Регионалниот саем за вработување. Дали во тимот на BtoBet се приклучија нови членови кои аплицираа за време на саемот?
- Процесот на регрутирање во нашата компанија има неколку фази и аспекти во пристапот кон запознавање на потенцијалниот кандидат. Неколку интервјуа поминаа, но тоа е само една од фазите на избор на вистинскиот кандидат за дадената работна позиција. Во секој случај, за нас секогаш претставува задоволство кога можеме да споделиме вести дека има нови членови во тимот на BtoBet на крајот од успешниот процес на регрутирање.
Што би им препорачале на компаниите кои досега не учествувале на саем за вработување од овој вид?
- Виртуелните саеми за вработување се навистина малку поразлично искуство од оние традиционалните. Имајќи предвид дека очекувањата кои ги имавме како изложувач беа целосно исполнети, би им препорачала на сите компании кои сакаат да се претстават и во регионални рамки, да ја зголемат својата видливост преку лесен пристап и поширока, а поедноставна достапност до потенцијалните кандидати за вработување, да земат учество на саемите за вработување од овој вид.
Какви предности понуди виртуелниот саем за вработување за вас како компанија, во однос на другите слични настани за вработување?
- Во време на криза, каква што е оваа која ја предизвика пандемијата од Ковид-19, ограничените можности за посета на било какви настани предизвикаа уште побрза и помасовна дигитализација. Саемите за вработување се едни од настаните за кои беше клучно брзото и соодветно прилагодување. Она што ние како компанија го увидовме и го сметаме за најголема предност на виртуелниот саем за вработување е 24/7 достапноста на информациите за можностите кои ги нудиме на сите посетители, каде и да се. Сметам дека Vrabotuvanje.mk со ова започна одлична иницијатива којашто верувам дека ќе им помогне на компаниите во пронаоѓањето на нови потенцијални кандидати за вработување.
Кажете ни нешто повеќе за вашите идни планови. Што може да очекуваат оние кои се во потрага по работа од BtoBet до следниот саем?
- Како дел од реномирана светска групација Aspire Global која го покрива целиот синџир на вредности во iGaming индустријата, BtoBet има единствена цел да ја одржи својата позиција меѓу трите најдобри провајдери на софтвер за спортско обложување во светски рамки. Во оваа насока, потенцијалот за раст и развој, односно можностите за нови вработувања се големи. Се стремиме да бидеме прв избор за вработување во висококонкурентната iGaming индустрија, за што имаме поставено јасна стратегија во делот на регрутација и задржување на талентирани и амбициозни вработени, преку обезбедување одлични услови за работа и континуирана грижа и мотивирање на кадрите, сѐ со цел да им дадеме можност да ги остварат своите професионални цели и да блеснат во својата кариера.
Доколку сакате да бидете дел од оваа врвна компанија погледнете ги огласите ОВДЕ
Благодарение на успешно остварените резултати под повеќе јурисдикции, компанијата BtoBET месецов се стекна и со наградата за снабдувач на спортско обложување за африканскиот пазар на престижните Gaming Intelligence Awards како дел од најуспешните iGaming - провајдери на глобално ниво. Како и наградата Multi - Channel Supplier of the Year, која ја доделува реномираната мултимедијалната компанија 5 Star Media. Овие награди, кои компанијата ги доделува на годишно ниво, претставуваат своевидно признание за најдобрите провајдери во Б2Б-синџирот на снабдување во индустријата и ги промовираат успехот, иновациите и етиката во iGaming - деловната заедница.