!["САСА" ја продолжува поддршката за одржливост на рибниот фонд во езерото Калиманци](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/32/dc60b923-resize-820x0x100.jpg)
Благодарение на финансиската поддршка што ја обезбедува Рудник САСА, Здружението на риболовци – Спортски клуб „Шаран“ спроведе акција за обнова и дополнување на рибниот фонд во езерото Калиманци.
Во рамки на најновата акција беше извршено порибување на езерото со околу 1.500 килограми крап, а најавено е и дополнително порибување со околу 500 килограми, што ќе биде спроведено во наредниот период.
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2021/11/FOTO_Poribuvanje-1.jpg)
Најновото порибување на езерото се изврши во присуство на претставници од Државниот инспекторат за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од рудникот САСА.
Оваа активност е дел од повеќегодишната соработка помеѓу САСА и здружението „Шаран“, преку која рудникот обезбедува финансиска средства за набавка на рибен подмладок и порибување на езерото Калиманци, како и за функционирање и реализација на активностите на ова здружение.
Оваа поддршка е дел од проектите што САСА ги спроведува во континуитет, а се наменети за поддршка на локалната заедница, заштита и унапредување на животната средина и одржливиот развој.
Извор: nezavisen.mk