Како резултат на тоа, 86% од вкупната работна сила сега работи со скратено работно време
Проектот за пробната четиридневна работна недела во Исланд беше „исклучително успешен“, а многу вработени се согласија да го намалат работното време, покажа истражувањето.
Истражувањето е направено за период од четири години (од 2015 до 2019 година), а вработените добивале иста плата иако работното време им било скратено.
Продуктивноста на вработените останала иста, па дури и била големена на повеќето работни места, покажуваат резултатите од истражувањето.
По Исланд, слични проекти започнаа и други земји низ светот, како Шпанија или Нов Зеланд.
Со ова истражување биле опфатени околу 2.500 вработени, што е приближно еден процент од вкупната работна сила на Исланд.
Многумина од нив одлучиле да ја скратат работната недела од 40 на 35 или 36 часа, тврдат истражувачите од британската организација Autonomi и Исландската асоцијација за одржлива демократија.
Пилот-проектот, исто така, ги наведе синдикатите повторно да преговараат за нови модели на работа.
Како резултат на тоа, 86% од вкупната работна сила во Исланд сега се префрлила на работа со скратено работно време, или наскоро ќе има право на тоа, според истражувањето.
Вработените тврдат дека сега се под помал стрес, како и дека е помал ризикот од „прегорување“ поради деловни обврски.