Инспекторите на терен проверуваат дали цените на основните производи се замрзнати.
Тие имаат увид во тоа за колку пари на 1-ви декември се продавале лебот, брашното, млекото, зејтинот, месото и сирењето, но не и граѓаните. Доколку граѓаните ако се посомневаат дека цените не се исти од тие на први декември, да пријават.
Од министерството за економија нема одговор дали има листа со цени на производите кои ќе важат минимум два месеци а кои се на ниво какво што биле на 1 декември. Не се знае ниту како ќе се формира цената на нов производ кој не се продавал до 1 декември а е во групата.
Во меѓувреме експертите велат дека замрзнувањето на цените е краткорочна и повеќе психолошка мерка која нема да има значително влијание во ублажување на ценовниот шок. Сметаат дека креаторите на економската политика во консулатација со бизнис секторот и со академската фела треба итно да подготват повеќе можни сценарија за стабилизација на кризата и за вистинска помош на реалниот сектор.
Покрај првичната одлука министерот за економија вчера најави дека се размислува за замрзнување на цената и на јајцата, оризот, и тестенините се до 31-ви Јануари 2022 година.
Дали ќе ги додаде овие производи на оние кои веќе се „под мраз“, ќе зависи од податоците на Заводот за статистика во делот на движењето на цените во трговијата на мало и трговијата на големо за месец ноември.
Според заводот за сатистика Пораст на индексите на трошоците на животот во ноември, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот и житата за 3.8 %, а кај сирењето месото маслото и шекерот за околу 2 проценти. Намалување има само кај млекото за 0.3 %.
Извор: lokalno.mk