Во паричникот на Аpple составен од паметни часовници и телефони сега може да се додаде и клуч за хотелски соби, но за почеток со Apple Watch може да се отвораат само собите во хотелите од синџирот на Hyatt.
Соработката засега е договорена за шест хотели, а дополнително треба да се прошири и на други хотели на Hyatt, а во иднина се надеваме и на други брендови на хотели.
Принципот на работа, односно поставувањето на клучот во паричникот е прилично едноставно. После резервацијата се добива дигитален клуч кој треба да се стави во Apple Wallet, но за негова активација при доаѓање во хотел потребно е да се извести рецепцијата. Потоа Apple Watch може да се користи како и класичен клуч, односно картичка за влез во својата соба. Дигиталниот клуч ја поддржува и опцијата Express Mode, што значи дека за негово користење мора да се потрди идентитетот преку FaceI или Touch ID.
Во случај кога батеријата на часовникот или на телефонот ќе биде при крај или се активира опцијата за штедење на батеријата, Apple Watch и iPhone уште дополнителни 5 часа ќе може да се користи за отклучување на собата.