Одливот на работна сила се чувствува и во конзервната индустрија. Ова е главниот фактор за ограниченоста на преработувачката индустрија и недоволнат а искористеност на потенцијалните капацитети. Во најновиот извештај на Државниот завод за статистика, 23 проценти од преработувачите се пожалиле за недостиг на работна рака. Во ваква ситуација ќе бараат поддршка од ресортните министерства и институции за подобри услови и можности за ангажињрање студенти и пензионери.
-Димитар Георгиев од конзервната фабрика Бест Вуд Радовиш вели дека се соочуваат со сериозен недостиг од сезонски работници посебно млади луѓе...Затоа се на идеја да побараат ангажирање на студенти и пензионери меѓутоа претходно треба да се отстранат законските пречки. Тој вели дека познава пензионери кои сакаат да работата ама сето тоа мора прво законски да се седи
Струмичката бизнис заедница пак предлага намалувањето на бројот на вработени во јавната администрација и ослободување на работна сила да оди по принцип на отпремнина која ќе биде правопрпорционална со годините стаж на административците.
Од друга страна додека чекаат да ги наполнат погоните со сезонски работници, преработувачите одат кон автоматизација на производствениот процес, за помала зависност од човечки фактор.
Тв.21